Дома Останати Ракомет Дибиров: Кога освоивме двојна круна знаев дека ќе останам

Дибиров: Кога освоивме двојна круна знаев дека ќе останам

Tимур Дибиров иако прво имаше најава дека ќе си замине на крајот сепак одлучи да остане во Вардар.

Во интервју за „Балкан-Хендбол“ Дибиров објасни дека освоената двојна круна била една од главните причини поради која што се одлучил да остане.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„И клубот и јас сакавме да го продолжиме договорот. Ништо во ниту еден момент не ставав над Вардар. Сите мои пријатели и соиграчи знаат дека од првиот момент имав желба да останам, меѓутоа имаше проблеми кои требаше да се решат. Сакав да ги видам амбициите на клубот и каква ќе биде ситуацијата, работата стана полесна кога ја освоивме двојанта круна. Ако не сте пласирани во Лигата на шампионите тешко можете да доведете добри играчи“, изјави Дибиров.

Зборуваше Дибиров и за големото ривалство со Пелистер.

„Пелистер е одлична екипа, гостувањето во Битола е пеколно затоа што имаат неверојатни навивачи. Меѓутоа големите тимови во најтешките моменти покажуваат зошто се на тронот“, изјави руското крило.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонија и во поразот од Литванија има кошаркар во топ 5

Ако во некој пораз има и некои добри моменти, тогаш на мечот Македонија-Литванија може да …