Дома Останати Тенис Ѓоковиќ од денес трет тенисер на АТП листата, Медведев застана на тронот

Ѓоковиќ од денес трет тенисер на АТП листата, Медведев застана на тронот

Новак Ѓоковиќ од денес и официјално не е прв тенисер во светот.

После сите проблеми предизвикани со невакцинирањето против коронавирусот, исфрлувањето од Австралија Опен, забраната за влегување во САД поради што ги пропушти Индијан Велс и Мајами на Ѓоковиќ почна сериозно да му се „тресе“ тенискиот трон.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Поразот од Надал на Ролан Гарос значеше крај на неговото владеење, а денес тоа е потврдено на новата АТП листа.

После 373 поминати недели на Ѓоковиќ го препушти врвот на Данил Медведев, второ место е Германецот Саша Зверев, додека Србинот е трет играч во светот.

Зад Ѓоковиќ се наоѓа Рафаел Надал, па пото во топ 10 се уште: Каспер Руд, Стефанос Циципас, Карлос Алкараз, Андре Рубљов, Феликс Оже-Алијасим и Матео Беретини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Украинка не сакаше да пружи рака на најдобрата светска тенисерка, па доби „злато“ вредна лекција (Видео)

Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка уште еднаш покажа дека на неа не остави никак…