Мечот од третото коло во Лигата на нации меѓу Албанија и Израел (1-2) го одбележа голем скандал, откако пред почетокот на средбата на трибините се појави знаме од Голема Албанија.
Имено, навивачите развиорија знаме инспирирано од познатата серија Симпсонови, во која ликот од серијата додека гледа телевизија носи бела капа на главата, кече, на која се гледа како водителот Кент Брокман чита вести.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Зад него стои знамето на Голема Албанија и натписот „Соединетите држави на Албанија“.
Се очекува реакција од УЕФА, која строго ги казнува ваквите политички провокации.