Дома Фудбал Англија Можно ли е: Абрамовиќ со „шут карта“ за Конте, позната и неговата замена?!

Можно ли е: Абрамовиќ со „шут карта“ за Конте, позната и неговата замена?!

Германските и англиските медиуми ја објавија дека сопственикот на Челси го отпуштил Антонио Конте и дека неговата замена ќе биде некогашниот тренер на Борусија Дортмунд, Томас Тухел.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Конте со Челси минатата година ја освои титулата во Англија, цело лето траеа преговорите на релација тренер-управа, што конечно резултираше со отказ за Италијанецот. Челси по две одиграни кола во ПЛ, забележа еден пораз и една победа.

43-годишниот Тухел стекна репутација на еден од најдобрите млади тренери на пазарот и не е чудно што Абрамовиќ е заинтересиран за неговата услуга.

Откако ја прекина соработката со Дортмунд, Тухел беше поврзуван со Арсенал, но сепак Французинот, Арсен Венгер остана на кормилото на „Топчиите“.

По ваквите информации, сепак на крајот се чини нема ништо да се случи со оглед на тоа дека ваквата „бомбастична“ ситуација ја демантираат од лондонскиот клуб.

http://www.dailystar.co.uk/sport/football/639462/Chelsea-News-Antonio-Conte-Thomas-Tuchel-Premier-League-Stamford-Bridge

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер јунајтед се огласи: Што се случува со заборавениот Де Лихт?

Во време кога важните фудбалски настани буквално се менуваат од час во час, некои работи и…