Дома Фудбал Останато Монако е подготвен да понуди и 100 милиони?!

Монако е подготвен да понуди и 100 милиони?!

Опасноста за Синишта Михајловиќ се уште не е помината.

Имено, по продажбата или „позајмицата“ на Мбапе во ПСЖ, Монако е во потрага по напаѓач. Како веќе завршен трансфер е споменуван Лучано Вијето од Атлетико, но работите се искомплицираа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми сега тврдат дека „Кнежевите“ ќе пробаат да го доведат Белоти од Торино.

Сите понуди за него се одбиени, Конте стигна до 80 милиони, Милан понуди 70 и Нијанг и Палет, но Торино бара 100. Толкава е и клаузулата и истата важи само за странските екипи.

Монако имено е подготвен да плати 90 милиони плуд 10 за бонуси и да го донесе популарниот фудбалер,што би ги срушило сите планови на српскиот тренер за оваа сезона.

Сепак, за сега нема потврда официјална за оваа ифнромација, прашање е дали ќе сака Каиро да го прифати ваквиот расплет, а што се однесува до самиот Белоти, се чини дека тој и не е посебно заинтересиран за заминување во Франција, иако би бил многу подобро платен помеѓу „Биковите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…