Новак Ѓоковиќ и оваа недела се наоѓа на врвот на АТП листата.
Иако изгуби во четвртфиналето на Ролан Гарос од Рафаел Надал Србинот и понатаму е најдобар играч на планетата, сепак тоа нема да биде така уште долго.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ѓоковиќ во Париз не успеа да ја одбрани титулата и 2000 поени од минатата година, исфрлувањето од Австралија Опен и забраната за настап на мастерсите во Америка гои чинеа 4.000 бодови.
На сето ова Новак наредната недела ќе остане уште без 2.000 бодови затоа што нема да има бодување на претстојниот Вимблдон. Така српскиот ас изгуби 6.000 поени поради случувања надвор од тенискиот терен.
Од наредната недела на врвот на АТП ќе биде Данил Медведев, втор Саша Зверев, Ѓоковиќ ќе падне на третата позиција. Рафаел Надал кој во Париз сригна до 22. гренслем титула ќе остане четврти играч на планетата.