Дома Топ вести Реал Мадрид спрема два големи трансфери

Реал Мадрид спрема два големи трансфери

Реал Мадрид пред неколку дена го официјализирапе трансферот на Антонио Рудигер, но тоа е само почеток.

Шпанските медиуми пренесуваат дека „кралевите“ се во напредни преговори за два големи трансфери кои треба да бидат завршени во наредните денови.


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Првиот е Орелиан Чуамени од Монако, кој е најголема желба за засилување на средниот ред. 22-годишниот Французин ги импресионираше сите со своите настапи, а Реал Мадрид испрати понуда од 80 милиони евра и трансферот е пред реализација.

Второто големо засилување треба да биде ѕвездата на Бенфика, Дарвин Нуњес, кој исто така е мета на многу европски гиганти.

После пропаѓањето на трансферот на Мбапе, Анчелоти сака да донесе врвен централен напаѓач, кој во иднина ќе биде наследник на Бензема.

Изборот падна на одличниот Уругваец, а Реал за да ја победи конкуренцијата е спремен да понуди 80 милиони евта плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шаќири се враќа во Европа и ќе игра со тројца Срби?

Искусниот швајцарски интернационалец, Џердан Шаќири би можел ова лето да се врати во Европ…