Дома Македонски спорт Ѓорѓиев му порача на Дробњак: Те чекам на реванш во Скопје!

Ѓорѓиев му порача на Дробњак: Те чекам на реванш во Скопје!

Димитар Ѓорѓиев вечерва во Зворник беше поразен од домашниот борец, Никола Дробњак во борбата за европската титула.

Дробњак мечот го доби со победа од 3:0 и практично му „врати“ на Ѓорѓиев за поразот на Светското првенство во Италија каде што Ѓорѓиев славеше со истиот резултат и стигна до светската титула.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веднаш по поразот беше најавен и реванш.

„Беше одличен меч мило ми е што дојдов тука во Зворник. Никола е одличен борец и му честитам на победата, а ќе му порачам нека се подготви за реванш“.

Според најавите на официјалниот спикер реваншот помеѓу Ѓорѓиев и Дробњак ќе се одржи за околу два месеци во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…