Македонскиот кик-боксер Димитар Ѓорѓиев утре ќе се бори за европска титула против Никола Дробњак и тоа ќе биде главнат борба на евентот во Зворник, Босна и Херцеговина.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Противник на Ѓорѓиев ќе биде домашниот боксер Никола Дробњак. Ѓоргиев и Дробњак ќе се борат за титулата во категоријата „WAKO PRO“ до 81.4 килограми.
Дробњак се надева на предноста на домашниот терен, но сигурно дека Ѓоргиев ќе биде мотивиран за нова титула и победа пред гостинската публика.

Во текот на вчерашниот ден беа направени и редовните мерења пред борбите. Можеше да се забележи и спортскиот дух на Дробњак кој се покажа како одличен домаќин и имаше само пофални зборови за нашиот Ѓорѓиев.
Инаку Ѓорѓиев и Дробњак се сретнаа во финалето на Светското првенство во Италија од каде што Димитар се врати со златен медал. Тоа финале Ѓорѓиев го доби со 3:0,
Вечерашниот настан започнува од 20:00 часот, а во живо ќе може да се следи на „Аrena Fight“ каналот. Своја борба на вечерашниот евент има и уште еден Македонец, Бобан Илиоски кој ќе се бори против Борна Манојловиќ. Борбата на Ѓорѓиев е главната на вечерта и ќе биде последна на распоредот.

Фото: Димитар Петковски