Дома Топ вести Видео: Атлетико промаши два пенали, но ја победи Валенсија

Видео: Атлетико промаши два пенали, но ја победи Валенсија

Атлетико Мадрид успеа да ја победи Валенсија со 2:0, иако голманот на домаќините Диего Алвеш им одбрани два пенали.

Диео Алвеш блескаше на голот на Валенсија, во првото полувреме најпрвин ги одбрани ударите на Гризман, Гамеиро и Коке, а потоа и пеналот на Гризман во 43-та минута.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


По еден час игра, одличната акција на Караско и Фернандо Торес, чиј удар Алвеш го одбрани, со гол ја заврши Гризман. Неколку минути подоцна Сантос го фаулираше Гризман, Атлетико доби уште еден пенал, а Алвеш го одбрани ударот на Габи.

Во финишот Мангала имаше чиста шанса за 1-1, но Облак го одбрани неговиот удар, а во 92-та минута Гамеиро по извореден соло пробив ги постави конечните 0-2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шок за Баерн. Пред натпреварот на сезоната остана без асот од 140 милиони евра

БАЕРН освои важна победа во баварското дерби од 28. коло на Бундеслигата, 3:1 против Аугсб…