Најдобриот кошаркар во НБА-лигата за последните две години, Никола Јокиќ неодамна ја заврши напорната сезона и во моментов е на одмор.
Паузата од кошарката ја искористи за да се посвети на својата најголема љубов, а тоа се коњите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јокиќ замина со семејството во Стокхолм на една од најпопуларните трки со коњи, а шведските новинари ја искористија можност да му земат изјава.
„Мојот сон по завршување на кариерата е да се вратам во Србија и да станам тренер на коњи. Мојата земја е една од најлошите кога станува збор за трките на коњи“, изјави Јокиќ.
Ова е уште една потврда за тоа колку е голема неговата љубов кон коњите.