Дома Фудбал Лига на шампиони Французите отвараат истрага: Кој е виновен за хаосот пред финалето во ЛШ?

Французите отвараат истрага: Кој е виновен за хаосот пред финалето во ЛШ?

Саботното финале во Лигата на шампионите започна со задоцнување од 35 минути поради хаосот кој настана пред влезот на стадионот.

„Имаше, пред сè, масовен собир на британски навивачи на Ливерпул, голем број навивачи беа без билети или со лажни билети“, изјави Удеа-Кастера за француското радио „РТЛ“.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Француското Министерство за спорт денеска ќе ги собере организаторите на финалето на Лигата на шампионите, полицијата и локалните власти за да разговараат за пропустите, кои се случија на една година пред Светското првенство во рагби и две години пред Олимписките игри во Париз.

Удеа-Кастера изјави дека жали за инцидентите кои го „расипаа“ финалето на Лигата на шампионите.

„Сега приоритет е многу прецизно да се идентификуваат недостатоците за да се извлечат поуки за да не се повторат вакви инциденти на големите меѓународни натпревари на кои ќе бидеме домаќини“, додаде таа.

Реал Мадрид го победи Ливерпул со 1-0 и по 14-ти пат стана европски шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Понудата пристигнува порано од очекуваното: Модриќ го „натера“ Милан да се активира

Лука Модриќ е хит во Италија! Хрватскиот маестро, кој летоска пристигна во Милан, ги фасци…