Зад Никола Јокиќ е уште една МВП сезона во НБА лигата, но неговиот Денвер повторно не успеа да направи нешто повеќе во плеј-офот.
Многумина сметаат дека можеби најдобриот кошаркар во лигата треба да размисли за промена на средината, за во текот на кариерата да си ги зголеми шансите за освојување на шампионскиот прстен во најсилната лига на светот, но се чини дека српскиот центар ќе остане верен на Нагетс, со многу подобри финансиски услови
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новинарот на „Атлетик“ Шемс Чарани денеска откри дека Јокиќ постигнал договор со челниците на Денвер и дека во јули ќе потпише „супермакс“ договор на пет години.
Тој договор ќе биде вреден 260 милиони долари, а доколку Јокиќ го потпише ќе стане најплатениот играч во историјата на НБА лигата!
Јасно е дека станува збор за понуда која не се одбива, Останува „само“ на Нагетс да формираат засилен тим заедно со Јокиќ, способен да се бори за титулата.