Поранешниот сопственик на Формула 1, Берни Еклстуон е уапсен во Бразил.
Британецот бил приведен во средата доцна навечер бидејќи додека се качувал во приватен авион со кој требало да отпатува за Швајцарија, во неговиот багаж бил пронајден пиштoл за кој немал дозвола, пренесува „Ројтерс“.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Еклстоун во полиција признал дека пиштoлoт е негов, но рекол дека не знаел дека во тој момент му бил во багажот. Деведесет и едногодишниот Еклсон платил кауција по сослушувањето, по што му било дозволено да отпатува во Швајцарија.
Еклстоун моментално е во брак со Бразилката Фабијана Еклстоун, потпретседател на ФИА и член на Светскиот совет за моторспорт.
Тие неодамна беа на неколку трки во Бразил во мај, а се сретнаа и со трикратниот светски шампион Нелсон Пике.