Дома Фудбал Англија Сити успеа да извлече бод против должникот Евертон: Гвардиола пак не успеа да го надигра Куман (Видео)

Сити успеа да извлече бод против должникот Евертон: Гвардиола пак не успеа да го надигра Куман (Видео)

Фудбалерите на Манчестер Сити вечерва на „Итхад“ ремизираа против Евертон (1:1) во мечот од второто коло во англиската Премиер лига.

Сити од првата минута имаше иницијатива на средината на теренот и беше потполно доминантен, па беше јасно дека Евертон ќе ја чека својата шанса од контра. Домашниот тим во 24. минута можеше да дојде до предност кога Де Брујне одлично му асистираше на Агуеро кој излезе сам пред гол, но резултатот остана непроменет.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Десетина минути подоцна Сити имаше уште една фантастична шанса, но топката ја погоди само стативата. По само две минути Евертон го казни Сити, па мрежата на „Граѓаните“ ја затресе Вејн Руни.

За да биде полошо, домашните од 44. минута играа со играч помалку бидејќи во само две минути Волкер заработи два жолти картони. Во вториот дел гледавме опсада на голот на Евертон. Гостите добро се бранеа, но не издржаа до самиот крај.

Осум минути пред крајот капитулираше одбраната на тимот од „Гудисон“, па Стерлинг изедначи на 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…