Дома Топ вести Примера го тужи ПСЖ поради Мбапе

Примера го тужи ПСЖ поради Мбапе

Шпанската Примера објави соопштение во кое порача дека ќе го пријави ПСЖ во УЕФА поради кршење на финансискиот фер-плеј при потпишување на нов договор со Килијан Мбапе.

Првиот човек на шпанската лига, Хавиер Тебас кажа дека чекал одлуката за Мбапе да стане официјална, па сега ќе ја продолжи битката на суд.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Аргумент на Шпанците е тоа што ПСЖ минатата година имал загуба од 300 милиони евра, а според некои шпекулации само бонусот за потпис на Мбапе ќе му донесе стотина милиони евра.

Тебас кажа дека ова е „навреда на фудбалот“, како и дека газдата на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи е „опасен човек и полош од Суперлигата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Македонија и со реми во Велс би била втора во групата!

Македонската фудбалска репрезентација дозна што ѝ е потребно да го освои второто место во …