Дома Фудбал Останато Куман: Повеќе нема да тренирам ниту еден друг клуб

Куман: Повеќе нема да тренирам ниту еден друг клуб

Роналд Куман најави дека нема да тренира ниту една друга екипа.

Откако во ноември минатата година ja заврши епизодата на клупата на Барселона која траеше речиси една и пол година, Куман најави дека повеќе нема да биде клупски тренер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Го исполнив својот сон – да бидам тренер на Барса. Нема повеќе да водам друг клуб, сега ќе се посветам на холандската репрезентација“, изјави Куман.

Куман ја напушти клупата на репрезентацијата поради Барселона. Сепак, Фудбалскиот сојуз на оваа земја реши повторно да го ангажира, а по Мундијалот во Катар ќе го преземе тимот од легендарниот Луис Ван Гал.

Куман во својата клупска кариера покрај Барселона водеше повеќе клубови. Првиот соло ангажман го имаше во Витесе, а потоа работеше во Ајакс, Бенфика, ПСВ, Валенсија, АЗ Алкмар, Феенорд, Саутемптон и Евертон.

Овој 59-годишник не може да се пофали со некои големи достигнувања во својата тренерска кариера. Тој освои титули со Ајакс и ПСВ, а додаде уште трофеи во Купот на кралот со Валенсија и Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нови проблеми во Мадрид: Арбелоа на ѕвездата јасно ѝ кажа да го напушти клубот до крајот на јануари

Алваро Арбелоа стана тренер на Реал Мадрид откако доби отказ Хаби Алонсо, а прашање е до к…