Дома Фудбал Италија Нов фаворит за купувач на Милан, понуди многу повеќе од Арапите

Нов фаворит за купувач на Милан, понуди многу повеќе од Арапите

Продажбата на италијанскиот гигант Милан доживеа пресврт и сега има нов фаворит за купување на клубот, пренесуваат италијанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според последните информации америнакиот конзорциум „РедБирд Капитал“ е на чекор од купување на Милан, откако доставил повисока понуда од арапскиот фонд „Инвесткорп“.

Фондот од Бахреин понуди 1,2 милијарди евра и беше блиску до преземање на италијанскиот гигант, но се појави нов купувач.

Имено, „РедБирд Капитал“ понудил 1,3 милијарди евра со можност сумата во наредните години да се искачи до 1,8 милијарди, а сегашните сопственици „Елиот“ ја прифатиле понудата.

Италијанските медиуми пренесуваат дека продажбата треба да биде комплетирана до крајот на месецот и Милан ќе добие нови сопственици.

„РедБирд Капитал“ веќе имаат инвестиции во спортот, тие се сопственици на француски Тулуз и имаат 10% акции во Ливерпул. Исто така се сопственици на Бостон Ред и Питсбург од НХЛ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фелипе Луис најде нов ангажман, првпат ќе биде тренер во Европа

Монако имаа тешка сезона зад себе. Едвај обезбедија место за настап во европските купови, …