Дома Фудбал Останато Новата сезона во украинското првенство може да се игра во Турција

Новата сезона во украинското првенство може да се игра во Турција

Сезонава фудбалското првенство во Украина се прекина поради инвазијата на Русија во оваа земја и многу извесно е дека и новата сезона нема да се игра во оваа земја.

Првиот човек на прволигашот Минаи, Валери Пресолиак најави дека постои опција новата сезона од фудбалското првенство во Украина да се игра во Турција затоа што за повеќето клубови ова е прифатливо решение.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во изјавата тој посочи дека сите сакаат да си играат фудбал во Украина, меѓутоа во ситуацијата каква што е сега, а не изгледа дека ќе се поправи за брзо време тоа не е можно.

„Сите сакаме да играме во Украина, но во оваа ситуација тоа едноставно не е можно. Во овој момент разговараме за организација на првенството во Турција во пократок форма. Раководството на Украина има визија да ја задржи таквата структура на фудбалот и да им понуди некаква преспектива на фудбалерите“, изјави Пресолиак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…