Последниот натпревар од второто коло во македонскта прва лига се одигра денес помеѓу екипите на Шкупи и Шкендија, а во него славеа гостите со убедливи 0:3.
Иако прикажаа сосема добра игра во првиот дел Шкендија не успеа да го скрши отпорот на домаќините во првите 45 минути.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Мрежата на Шкупи се тресеше во вториот дел, а прв ја погоди Арменд Алими во 49 минута од средбата. За нов погодок се чекаше се до 62 минута и тој беше дело на Бесарт Ибраими, конечните 0:3 ги постави Марјан Радески во 79 минута од натпреварот.
Шкендија во следното коло ќе игра против новајлијата во првата македонска лига, екипата од струмица, Академија Пандев, додека Шкупи ќе и гостува на Победа во Прилеп.