Дома Фудбал Останато ПСЖ му нуди на Мбапе да биде „газда“, ќе може да бира тренери и соиграчи

ПСЖ му нуди на Мбапе да биде „газда“, ќе може да бира тренери и соиграчи

Пари Сент Жермен е пред скоро невозможна мисија да го задржи еден од најбараните фудбалери на денешницата, Килијан Мбапе.

Договорот на Мбапе истекува на крајот на сезоната, а како што стојат работите тој кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид, отако претходно ги одби сите понуди од ПСЖ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ел Чирингито“ пренесува дека ПСЖ покрај годишната плата од неверојатни 56 милиони евра годишно, на Мбапе му понудил огромно влијание на целиот фудбалски проект.

Тоа практично би значело дека фудбалерот ќе може самоволно да менува тренери и играчи, нешто што Лео Меси неофицијално го правеше во Барселона!

ПСЖ му понудил да го избере следниот тренер на тимот и новите засилувања за следното лето, односно да биде централна фигура во клубот во иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалер на Јувентус јавно објави навивач кој расистички го навредил! (Фото)

Фудбалскиот дефанзивец на Јувентус, Лојд Кели, разоткри и јавно осуди лице кое му испратил…