Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг пристигна во Лондон синоќа со приватен авион од Амстердам, објавија британските медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Заедно со него пристигнал и Мичел ван дер Хаг, кој беше долгогодишен соработник на Тен Хаг и се очекува да биде негов помошник и на „Олд Трафорд“.




Денеска се очекува да се одржи нов состанок со раководството на клубот на кој ќе се разговара за проектот на Холанѓанецот и новиот изглед на тимот за следната сезона, односно трансферите.




Се очекува холандскиот стратег во недела да присуствува на последниот натпревар на Манчестер Јунајтед во сезоната против Кристал Палас.