Дома Фудбал Италија Гатузо наскоро се враќа на тренерската работа, познато и каде?

Гатузо наскоро се враќа на тренерската работа, познато и каде?

Легендарниот италијански фудбалер, Џенаро Гатузо наскоро би можел да се врати на тренерската работа.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Гатузо е главен кандидат за нов тренер на екипата на Парма. Парма не успеа да се врати во Серија А и сезоната ја заврши на 12. позиција во второлигашката конкуренција.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


После таквата сезона клубот се раздели со тренерот Јакини и сега наводно Гатузо е во игра. Нема дилеми дека и следната сезона главната цел на Парма ќе биде враќање во италијанската елита.

Инаку, Гатузо најверојатно нема да биде тренер на Пандев затоа што најверојатно македонската фудбалска икона нема да биде во редовите на „млекарите“ наредната сезона.

Иако изгледаше како сигурно, Пандев се уште размислува дали ќе ја заврши кариерата на крајот на оваа сезона, меѓутоа и да продолжи се најавува дека тоа нема да биде во Парма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО има клаузула во договорот со Бенфика која може да го направи достапен уште ова…