Дома Фудбал Германија Само Левандовски беше во различен дрес на прославата на Баерн

Само Левандовски беше во различен дрес на прославата на Баерн

Роберт Левандовски веќе ја соопшти својата одлука дека сака да го напушти Баерн Минхен, иако од клубот се упорни во намерата да го задржат до крајот на неговиот договор, летото 2023 година.

„Скоро сигурно е дека ова беше мој последен натпревар за Баерн. Не можам да кажам 100% сигурно, но е многу веројатно. Мораме да го најдеме најдоброто решение за двете страни. Разговарав со спортскиот директор и му кажав дека нема да го продолжам договорот. Знам дека имам уште една година, но ќе видиме што ќе се случува“, гласеше изјавата на Левандовски.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


На прославата на Баерн беше забележана и една интересна ситуација во која сите играчи на Баерн беа во исти црвени дресови освен Левандовски кој го носеше дресот со кој го потпиша првиот договор со Баерн во 2014 година.

Засега полскиот голгетер најмногу се поврзува со трансфер во Барселона. Но, останува да видиме што ќе се случува во текот на летото и дали Баерн ќе биде одлучен да го задржи до крајот на договорот и покрај неговата желба да замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Позитивни вести за Милан пред дербито со Интер

Денешните прегледи на играчите на Милан Давиде Бартезаги и Сантиаго Хименес дадоа охрабрув…