Кочани вчера остана без второлигаш откако Осогово славеше со 4:2 во Житоше против Братство, сепак тоа не беше доволно затоа што нивните ривали Детонит и Пехчево исто така запишаа победи.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Испаѓањето во третата лига најтешко му падна на капитенот и најдобар фудбалер на Осогово, Тоше Манов. Манов е најдобар стрелец на екипата, вчера ги постигна сите четири гола со што дојде до бројката од 17 во сезоната.




По натпреварот тој заврши во солзи кои сигурно тешко му паѓаат на секој фан на Осогово.