Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски заедно со својот Сепси славеше против Универзитатеа Крајова со вкупни 3-1 и ќе игра во финалето на Купот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Натпреварот го одбележа неспортски потег од противничкиот фудбалер Банку, кој пред крајот на мечот го удри Ашковски.
Во 86-та минута Банку најпрвин го удри Ашковски со глава, а потоа намерно со топка го удри во глава додека лежеше на земја.
Играчот доби црвен картон, а сцената многу потсети на дуелот помеѓу Зидан и Матераци од финалето на СП во 2006 година.