Дома Фудбал Спалети доби „понуда“ од навивачите: Замини и ќе ти го вратиме автомобилот

Спалети доби „понуда“ од навивачите: Замини и ќе ти го вратиме автомобилот

Навивачите на Наполи не се задоволни oд работата на тренерот Лучијано Спалети и бараат тој да го напушти клубот.

На последната акција во која побараа такво нешто тие поставија транспарент во кој му порачаа дека ќе му го вратат украдениот автомобил ако си замине.

На транспарентот кој се појави пред стадионот во Неапол стоеше датумот на кражбата на автомобилот „Фиат Панда“ и пораката „Спалети ќе ти ја вратиме „пандата“ само замини!“.

Автомобилот на тренерот на Наполи беше украден минатата година 16-ти октомври пред хотелот каде што беше сместен со фудбалерите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Димитриевски бранеше, Валенсија остана без бод со гол во 96. минута

Валенсија загуби со 1-2 од Виљареал на „Месталја“, иако прва дојде до водство. Столе Димит…