Дома Фудбал Италија Пресврти, продолженија, возбудувања: Интер го освои Купот

Пресврти, продолженија, возбудувања: Интер го освои Купот

Тимот на Интер го освои италијанскиот Куп откако после продолженија беше подобар од Јувентус (4:2).

Интер одлично го започна мечот и брзо дојде до водство уште во 6-та минута со фантастичниот гол на Барела. До крајот на полувремето Јувентус имаше неколку добри шанси, но не успеа да постигне гол.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во вториот дел „старата дама“ успеа да направи пресврт во само три минути со головите на Алекс Сандро и Влаховиќ и тој резултат беше активен се до 80-та минута.

Тогаш Бонучи го фаулираше Мартинез во казнетиот простор, а прецизен од белата точка беше Чалханоглу, кој погоди за 2:2 и го однесе  мечот во продолженија.

Во првото продолжение Перишиќ постигна два брзи гола, едниот од пенал и му донесе трофеј на „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Напаѓачот на Јувентус потпишува за Милан!

Како што пренесуваат италијанските медиуми, напаѓачот на Јувентус Џонатан Дејвид ќе го нап…