Реал Мадрид се подготвува за ново финале во Лигата на шампионите кое ќе го игра на 28. мај против Ливерпул. Еден од најважните играчи на „кралевите“ оваа сезона без дилеми е францускиот напаѓач Карим Бензема кој игра во фантастична форма.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во претстојниот преоден рок за Реал главната цел ќе бидат засилувањата, но „кралевите“ сакаат да ја расчистат ситуацијата со некои актуелни нивни играчи, а помеѓу тие фудбалери е и Бензема. Најавите од Шпанија се дека Реал сака да го задржи Бензема најмалку уште две години.




Не е Бензема единствен на кој ќе му биде понуден нов договор, но веројатно е прв на листата. Актуелниот договор на Бензема со Реал има важнсот до летото 2023 година, но во Реал сакаат дополнително да го наградат со продолжување до 2024. Шпанска „Марка“ пренесува и дека Бензема нема ништо против да го продолжи договорот, па така преговорите се скоро и завршени.