Дома Фудбал Италија Mурињо за останувањето во Рома: Имам договор уште две години…

Mурињо за останувањето во Рома: Имам договор уште две години…

Tренерот на Рома Жозе Мурињо потврди дека и наредната сезона ќе ја води Рома, но остана мистериозен кога во прашање се најави дека Немања Матиќ ќе биде едно од засилувањата за Рома во летото кое следи.

Мурињо во изјавата за Матиќ само посочи дека Матиќ е еден од фудбалерите во кои има доверба.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Не сакам да зборувам за другите играчи затоа што сметам дека тоа не е добро за мене, клубот и останатите играчи. Сите го знаат мојот однос со Немања и тој е еден од играчите кои ја имаат мојата доверба. Победувавме заедно и се боревме во Јунајтед. Станува збор за фантастичен играч, но поради себе и поради него нема да коментирам понатаму“, изјави Мурињо.

Потврди дека ќе ја води Рома во наредната сезона.

„Сега е се мирно, имам договор на уште две години. Клубот се уште не ми понудил обнова на соработката затоа што не сака да ме притиска да одговорам позитивно или негативно. Се е мирно, сакаме да ја завршиме сезоната на најдобар начин и наредната да ја започнеме 100% спремни“, изјави Мурињо потврдувајќи дека останува во Рим.

Ќе потсетиме Матиќ пред десетина дена потврди дека го напушта Манчестер Јунајтед, кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Италија, а освен Рома се поврзуваше и со Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фаворитите рутински, Арсенал го доби ПСЖ, Милан падна во Левекузен

Исклучително возбудлива и ефикасна ноќ во Лигата на шампиони каде стрелците беа расположен…