Дома Македонски спорт Васоски повеќе не е тренер на Сараево

Васоски повеќе не е тренер на Сараево

Македонскиот тренер и поранешен предводник на Академија Пандев, Александар Васоски си заминува од Сараево после нецели пет месеци на клупата. Васоски си поднесе оставка после ремито во дербито со Железничар (1:1).

Иако Сараево го чека финалето во Купот против Вележ во кое може да обезбеди и место во Европа, Васоски одлучи да си замине.

„Размислував да си одам уште после натпреварот против Борац во Бња Лука, но мислев дека ќе победиме против Радник и Железничар. Не го победивме Железничар и тоа е тоа. Благодарност до сите, на вас новинарите и луѓето во клубот, ви посакувам се најдобро“, изјави Васоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…