Некогашниот француски репрезентативец, Самир Насри кариерата ќе ја продолжи во Турција.
Насри отпатува за Турција каде ќе ги изврши лекарските прегледи, а потоа и ќе потпише двегодишен договор со екипата на Анталијаспор, која има големи амбиции во новата сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Сити го купи Насри од Арсенал за 25 милиони фунти, освои потоа на „Етихад“ две титули, ФА Куп и две титули во Лига Купот, но изминатата сезона ја мина во Севиља на позајмица.
Дека на него и натаму не смета Гвардиола докажува фактот што бараше нов клуб, па изборот падна на Анталија во која капитен е некогашниот голгетер на Барселона, Самуел Ето.
30-годишниот офанзивец во кариерата играше и за Марсеј, додека во дресот на Франција во 41 дуел постигна пет погодоци, но последен пат за „Триколорите“ настапи уште пред четири години.