Дома Фудбал Англија Чави му одговори на Куман: Со резултатите од кога сум тука ќе се боревме за титула

Чави му одговори на Куман: Со резултатите од кога сум тука ќе се боревме за титула

Фудбалерите на Барселона со вчерашната победа против Бетис од 2:1 со голот на Жорди Алба во 94. минута и дефинитивно го обезбедија пласманот во Лигата на шампионите наредната сезона.

Барселона сезонава не блескаше, но успеа да се избори за место во ЛШ. Во првиот дел од сезоната Каталонците беа дури на деветтата позиција. Тогаш Роналд Куман доби отказ, а на негово место дојде Чави Ернандез.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Чави успеа да направи промени и да ја врати атмосферата во соблекувалната, а фудбалерите му вратија со одлични настапи. Меѓутоа во последниот период Барселона имаше неколку киксови, тоа беше прилика и за Куман кој доби отказ да го критикува Лапорта дека не му дал доволно време.

После обезбедениот пламсна во Лигата на шампионите Чави одлучи индиректно да му одговори на Куман.

„Кога дојдов во ноември, бевме деветти на табелата. Не само што Лигата на шампионите не беше сигурна, туку постоеше закана Барселона да не игра во Европа. Мислам дека промените се повеќе од очигледно. Ако се сметаа резултатите од кога јас сум тука можеби ќе бевме и во игра за титулата“, порача Чави после вчерашниот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мурињо и Фенербахче подготвија понуда за Влаховиќ

Како што пишуваат италијанските медиуми, Фенербахче и Жозе Мурињо подготвуваат понуда за Д…