Диего Коста можеше да замине во Кина на краток период и да заработи вистинско богатство, но не сакаше да ја напушти Европа.
Шангај СИПГ и Тианјин Куанјиан понудија неверојатна сума за Диего да се пресели на Блискиот Исток и таму да остане до зимата, од каде што би заминал во Атлетико Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите на „Сан“, Шангај на 28-годишниот Коста му понудил три милиони фунти за потпис до ноември, а покрај тоа би добил и 10 милиони фунти бонус ако клубот ја освои кинеската Супер лига. На тој начин Коста би заработил значително повеќе отколку на „Стемфорд Бриџ“.
„Во Шангај сметаа дека работата е завршена и дека оствариле голем трансфер, но Коста одлучи да не замине. Тоа е баш чудно, бидејќи би можел да остане во добра форма пред јануари и заминувањето во Атлетико, а и добро би заработил“, истакна извор од Шангај.
Неговиот агент, Мендеш во Кина работеше на големиот договор за Шпанецот, но тој едноставно одби да заигра во Кина, па без клуб ќе биде до стартот на новата календарска година, со оглед на тоа дека Антонио КОнте не смета на неговите услуги.