Како втор натпревар во италијанската Серија А денес беше одигра натпреварот помеѓу Верона и Наполи во кој победа запиша клубот од Неапол.
Тимот предводен од Маурцио Сари покажа подобра и заслужено дојде до победата од 1:3 на стартот од новата сезона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првиот гол гостите го постигнаа во 32 минута и тоа преку противничкиот фудбалр Сопраен кој ја погоди сопствената мрежа, а само седум минути подоцна, Милик успеа да го зголеми водството и веќе после овој погодок победникот се насетуваше.
Ако некој ги имаше, дилемите за победникот ги реши Гулам со голот за 0:3 во 62 минута средбата. Вреди и да се спомене дека избраниците на Сари во 82 минута останаа со играч помалце кога беше исклучен бекот на гостите, Елсид Хисај, кој направи пенал, а успешен реализатор беше ветеранот Џампаоло Пацини кој со тоа ги постави конечние 1:3.