Дома Останати Тенис Ѓоковиќ без проблем до полуфинале – го чека подобриот од Надал и Алкараз!

Ѓоковиќ без проблем до полуфинале – го чека подобриот од Надал и Алкараз!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот во Мадрид откако го совлада Хуберт Хуркач со 2:0 во сетови (6:3, 6:4).

Новак одлично го отвори мечот и поведе веднаш со 3:0, а во посилен ритам Србинот продолжи до крајот на сетот кој го освои без поголеми проблеми. Најдобриот светски тенисер имаше 13 од 15 освоени поени на прв сервис. Само пет изгубени поен на свој сервис одличен податок за еден сет.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Ѓоковиќ на самиот старт на вториот сет имаше брејк топка која не ја искористи, Хуркач држеше рамнотежа се до 5. гем кога повторно падна. Тогаш Ѓоковиќ искористи една од двете брејк топки и поведе со 3:2, потоа и со 4:2 со што чекореше кон победата и пласманот во полуфиналето.

Во полуфиналето ќе гледаме еден од најважните натпревари од почетокот на сезоната затоа што противник на Ѓоковиќ ќе биде Рафаел Надал или Карлос Алкараз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…