Eурофарм Пелистер беше поразен од Вардар во клучниот натпревар во борбата за титулата со кој битолскиот состав ја изгуби „пол-позицијата“ на табелата и Вардар сега во наредните три кола има се во свои раце и се очекува да ја одбрани титулата.
Од натпреварот на 1. мај до денес немаше никаква изјава на некој од таборот на Еурофарм Пелистер, за првпат преку социјалните мрежи денес се огласи голманот Мартон Секељи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Извинете… Битола и навивачите се шампиони и никој друг. Со оваа поддршка ЕХФ Ф4 беше наше место и требаше да ја завршиме сезоната како шампиони. Сега, се чуствуваме празно и со огромна болка, но се надевам дека ке успееме да се кренеме и да го освоиме Купот“, е пораката која што ја испрати унгарскиот голман“, гласи пораката на Секељи.
Во натпреварот во Битола Секељи ги врати соиграчите од соблекувалната со цел да ја поздрават публиката во салата.