Милан наскоро ќе добие нови сопственици, иако преговорите со арапскиот фонд „Инвесткорп“ се во напредна фаза, сепак во клубот пристигна уште една понуда.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Елиот“ во чија сопственост е сега Милан добил понуда од „РедБирд Капитал Партнерс“ тешка една милијарда евра.
Интересно е што „Ред Брд“ е инвеститор во „Фенвеј спортс груп“, фирма што е сопственик на Ливерпул и на Бостон ред сокс во професионалната безбол лига на Америка.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека кој и да биде нов сопственик, сигурно ова лето ќе има големи инвестиции и значително засилувања на тимот.
Новите сопственици сакаат да донесат барем една голема ѕвезда, а се спомнуваат Ријад Марез од Сити и Жоао Феликс од Атлетико Мадрид.
Исто така Милан во наредните денови ќе ги комплетира трансферите на Ренато Санчез и Свен Ботман од Лил, како и Ориги од Ливерпул.