Рома вчера против Лестер се избори за финале во Конференциската лига каде што ќе игра против Фејенорд.
Со 1:0 славеше Рома против Лестер и така со вкупен резултат од 2:1 се пласираше во финалето. Херој на клубот од Рим беше Тами Абрахам кој постигна гол со глава по нафрлувањето на Лоренцо Пелегрини од корнер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Римјаните ова беше прво финале во некое европско натпреварување после 31 година, а Мурињо доби прилика да освои уште еден европски трофеј после Лигата на шампионите со Порто и Интер и Лигата на Европа со Манчестер Јунајтед, како и Купот на УЕФА со Порто. Единствениот европски трофеј Рома го освои во 1961 година и тоа беше Куп на велесамајски градови. Откако се избори за финале Мурињо мечот го заврши во солзи.
„Секако дека имав поголеми моменти од овој во кариерата, но не се чувствувам така само поради себе, туку поради луѓето околу мене и играчите. Ова за нас е нашата Лига на шампионите. Солзите после натпреварот беа за сите кои го сакаат овој клуб. Во кариерата имав прилика да водам тимови во поголеми финалиња од ова, меѓутоа се чувствувам посебно поради семејната атмосфера која владее тука“, изјави Жозе.
José Mourinho in tears after reaching the Conference final. Might not be the biggest final in his career, but man does this show how much he loves the game. Imagine not loving this man. pic.twitter.com/ZNXoAGqzOq
— Xav Salazar (@XavsFutbol) May 5, 2022