Денес со почеток од 15:30 часот се одиграа пет средби од германската Бундеслига од кои најголемо внимание привлече натпреварот помеѓу екипите на Волфсбург и Борусија Дортмунд.
„Милионерите“ како и Баерн беа сигурни на отварањето, запишаа гостинска победа против Волфсбург од 0:3. Гостите до предност стигнаа во 22 минута преку Пулисиќ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Само пет минути подоцна следуваше вистинско ремек дело на Марк Батра, па Борусија веќе имаше предност од 0:2. Резултат со кој се замина на полувремето.
Во вториот дел следуваше нешто помирна, „милионерите“ одлично ја чуваа предноста од првиот дел, а точка на натпреварот стави Пјер-Емерик Обамејанг во 60 минута од средбата.
Во останатите натпревари, Хановер славеше минимално на гости против Мајнц, Хофенхајм со истиот резултат беше подобар од Хановер, како и Хамбургер од Аугусбург, додека Херта со 2:0 славеше во натпреварот против Штудгарт.