Дома Фудбал Лига на шампиони Меси после третиот гол на Реал: Ова е некаква шега, не е возможно

Меси после третиот гол на Реал: Ова е некаква шега, не е возможно

Реал Мадрид синоќа го изрежира еден од најголемите пресврти во поновата фудбалска историја и се пласираше во финалето од Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Манчестер Сити имаше преност од два гола до 90-та минута во Мадрид, а потоа Реал за само два минути постигна два гола и го однесе мечот во продолженија.

„Кралевите“ успеаа во продолжението да постигнат и трет гол и се пласираа во финале. Тоа беше големо изненадување, а избезумен останал и Лионел Меси.

Тоа го откри неговиот голем пријател, Серхио Агуеро, кој откри дека додека траел мечот си разменувале пораки.

„После третиот гол на Реал, Лео ми напиша: Ова е некаква шега, ова не е возможно“, откри Агуеро.

Кун ова го откри додека беше вклучен „во живо“, а се вклучи и Карлос Тевез кој искоментира „Луда работа“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Арсенал ја одби понудата на Милан за својот млад талент

Англискиот шампион Арсенал ја одби понудата на Милан за напаѓачот Итон Нуанери, соопштува …