Дома Фудбал Англија Абрамович со едно барања ја закочи продажбата, Челзи може да банкротира

Абрамович со едно барања ја закочи продажбата, Челзи може да банкротира

Роман Абрамович бара од новиот сопственик на Челзи да му ги врати заемите кои ги зал во клубот и кои во моментов изнесуваат 1,6 милијарди фунти, пренесува „Тајмс“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ако е ова вистина, рускиот олигарх би можел да ја загрози иднината на клубот. Абрамович пред два месеци го стави Челзи на продажба, откако британската влада му го замрзна целиот имот.

Тогаш Абрамович изјави дека нема да бара од новиот сопственик да му бидат исплатени тие пари и дека целиот профит ќе го донира во добротворни цели за жртвите од војната во Украина.

Владата издаде специјална дозвола за Челзи да продожи да функционира, но таа дозвола важи до 31 мај, па до тогаш мора клубот да добие нов сопственик.

Абрамович бара 1,6 милијарди евра од сумата која ќе ја исплати новиот сопственик (околу 4 милијарди) да заврши во негови компании, но владата на Британија тоа нема да го дозволи.

Меѓутоа, времето поминува и на Челзи наскоро ќе му истече специјалната дозвола за работа, па ако не добие нов сопственик, клубот може да прогласи банкрот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Oва е најдобриот стрелец на Африканскиот куп на Нации У17, има 14 години (Фото)

Репрезентацијата на Танзанија во категоријата до 17 години го освои Африканскиот куп на на…