Дома Фудбал Лига на шампиони Ливерпул со голем пресврт до финале🎥

Ливерпул со голем пресврт до финале🎥

Ливерпул е прв финалист во Лигата на шампиони откако со спектакуларен пресврт славеше над Виљареал (2:3).

Иако „црвените“ важеа за големи фаворити, особено после првиот меч, сепак Виљареал на одличен начин го започна мечот и после 3 минути дојде до предност со голот на Диа.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Ливерпул во текот на целото првото полувреме не личеше на себе, ја немаше својата препознатлива игра, а Виљареал доминираше во сите сегменти.

Во 40-та минута Капу центрираше, а највисок во скокот беше Кокелан, кој погоди за 2:0 и најави вистинска драма во второто полувреме.

После шокот во првото полувреме, во второто полувреме тимот на Клоп експресно се врати.

„Црвените“ фуриозно го започнаа вториот дел, конечно заличија на себе, а голема промена во играта донесе Луис Дијаз.

Најпрво Фабињо во 61-та минута намали на 2:1, а пет минути подоцна токму Дијаз израмни на 2:2. Во 74-та минута Мане избегна офсајд замка и погоди за целосен пресврт од 2:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Диего Симеоне се надева да го засили тимот летово

Атлетико Мадрид продолжува да се подобрува со цел да ја намали разликата со ривалите во сл…