Дома Топ вести Aнчелоти најави: Реал Мадрид ќе биде негов последен клуб во кариерата!

Aнчелоти најави: Реал Мадрид ќе биде негов последен клуб во кариерата!

Kaрло Анчелоти во својата прва сезона во повратничкиот мандат на Реал Мадрид му ја донесе 35. титула во клупската историја со што си го обезбеди местото на „Сантијаго Бернабеу“ и наредната сезона.

Судејќи и според неговата последна изјава Анчелоти нема намера да ја промени средината, најави дека Реал Мадрид ќе биде неговиот последен клуб во кариерата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„После ова поглавје во Реал Мадрид најверојатно ќе се пензионирам, но ако Реал ме сака во наредните 10 години, тогаш ќе останам тука уште 10 години“, изјави Анчелоти.

Реал веќе во среда го чека тешка задача во реваншот од полуфиналето против Манчестер Сити во кој „кралевите“ влегуваат со поразот од првиот натпревар од 4:3. Реал Мадрид последен пат ја освои Лигата на шампионите во 2018 година, а Анчелоти на „кралевите“ им го донесе овој трофеј пред осум години во Лисабон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн руши рекорди. Никој досега не започнал сезона како нив

Фудбалерите на Баерн го продолжија својот победнички ритам оваа сезона, совладувајќи го ак…