Дома Фудбал Останато Што ќе биде со трансферите кои ги договараше Раиола за ова лето?

Што ќе биде со трансферите кои ги договараше Раиола за ова лето?

Денес фудбалскиот свет го потресе веста за смртта на еден од најпознатите фудбалски менаџери, Мино Раиола.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Раиола беше еден од менаџерите кои имаа најмногу ѕвезди во својата агенција, па многу од нив се очекува ова лето да ја променат средината.

Најзвучните трансфери под капата на Раиола секако требаше да бидат Ерлинг Халанд и Пол Погба.

Преговорите помеѓу Халанд и Манчестер Сити се во за вршна фаза, а некои медиуми тврдат дека сите детали помеѓу Раиола и „граѓаните“ се веќе договорени.

Договорот на Погба истекува за два месеци и тој како слободен агент ќе го напушти Манчестер Јунајтед, а интерес за него покажуваат ПСЖ и Јувентус.

Од многуте фудбалери на кои менаџер им беше Раиола се очекуваше да направат трансфер Донарума, кој не се снајде во Париз, потоа Де Лихт, кој сака да го напушти Јувентус, но и Де Врај, Мазрауи, Гравенгерх, Ромањоли…

Добрата вест е што неговиот брат Винченцо му беше негов најблизок соработник, има менаџерска лиценца и сега тој ќе ги преземе правата на сите фудбалери и ќе договара трансфери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона со трета понуда за Родри

Откако Манчестер Сити ги отфрли првите две понуди на Барселона за Родри, кои беа соодветни…