Како и што се очекуваше Баерн Минхен со победа ја започна одбраната на титулата во германското првенство.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тимот на Карло Анчелоти после само 20 минути игра имаше предност од два погодоци. Стрелци за головите на Баерн беа новајлиите Николас Зиле и Корентин Толисо, додека асистираа Себастијан Руди и Артуро Видал.
Не паузата Баерн замина со предност од 2:0, а после само седум минути игра во вториот дел ги отстранија сите дилеми кога во прашање е победникот на натпреварот.
Стрелец на почесниот гол за Леверкузен беше Мехмеди во 65 минута од средбата.