Дома Фудбал Англија Рио Фердинанд: Овој Ливерпул е најдобриот тим кој сум го гледал

Рио Фердинанд: Овој Ливерпул е најдобриот тим кој сум го гледал

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд го смета Ливерпул за најдобар тим во историјата на англискиот фудбал.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поранешниот дефанзивец е фасциниран од играта и квалитетот на Ливерпул. Зборовите на Фердинанд секако имаат посебна тежина затоа што станува збор за најголемиот ривал на неговиот Манчестер Јунајтед.

„Денешниот тим на Ливерпул е најдобриот кој некогаш сум го гледал. Според мене Ливерпул ќе биде најдобриот англиски тим во историјата. Сезонава нивната цел е да освојат четири титули. Ако успеат во таа цел ќе станат бесмртни, а ги имаат сите услови за такво нешто“, изјави Фердинанд.

Во битката за двата најважни трофеи Ливерпул во Премиер лигата заостанува еден бод зад Манчестер Сити на пет кола до крајот на првенството, додека во Премиер лигата се на чекор до пласман во финалето откако го победија Виљареал со 2:0 во првиот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нов кандидат излезе во прв план за нов тренер на Ливерпул!

Арне Слот би можел да ја напушти клупата на Ливерпул една година пред истекот на договорот…