Дома Фудбал Италија Арапите го купуваат Милан следната недела, целта е освојување на ЛШ

Арапите го купуваат Милан следната недела, целта е освојување на ЛШ

Фондот Инвесткорп од Бахреин е во напредни преговори за купување на италијанскиот гигант Милан, а „Газета дело Спорт“ пренесува дека продажбата ќе биде комплетирана до крајот на месецот.

Договорени се сите детали и договорот за продажба ќе биде потпишан на 29-ти април, а официјалното преземање на новите сопственици ќе биде на крајот на сезоната.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Парите не се проблем, државата Бахреин стои зад фондот, а „Газета дело спорт“ открива дека нивниот план е да го донесат Милан на врвот на Европа.

„Инвесткорп“ ќе плати 1,1 милијарди евра за купување на клубот и се спремни веднаш да инвестираат многу пари во засилувања и изградба на нов стадион.

Целта е да се изгради тим кој ќе може да доминира во Италија и Европа, а „Инвесткорп“ веќе има преддоговори со неколку големи компании за богати спонзорски договори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Инзаги сака да го избрка Митровиќ од Ал-Хилал – ова е причината!

Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ ова лето ќе го напушти Ал Хилал, тоа е сѐ пои…