Дома Македонски спорт Мак ракомет Eурофарм Пелистер се засили со руски репрезентативец

Eурофарм Пелистер се засили со руски репрезентативец

Битолски Еурофарм Пелистер потпиша перманентен договор со Денис Василев, руски репрезентативец и еден од најреспектабилните кружни напаѓачи на контитентот.

28-годишниот Василев доаѓа во Битола на почетокот на следната сезона и веќе летово ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на подготовките. Тој се обврза на двегодишен договор, заклучно со јуни 2024 година.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


196-сантиметри високиот и 95-килограми тешкиот Василев е дете на Динамо Астрахан, го носеше дресот на Чеховски Медведи и ги освои сите трофеи во рускиот ракомет, а потоа една сезона мина и во француски Шартр. Во тековната сезона во дресот на Мотор постигна 27 гола во некомплетната групна фаза на Лигата на шампионите за украинскиот првак.

Василев е стандарден член на руската репрезентација, а на Светското првенство во Египет постигна девет погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…