Иако во претходниот период се шпекулираше дека Езгјан Алиоски може да си замине од Ал Ахли сепак, тоа нема да се случи. Медиумите во Саудиска Арабија тврдат дека Ал Ахли нема намера по ниту една цена да го продаде Македонецот.
Алиоски минатото лето како слободен играч пристигна во Ал Ахли и потпиша договор на две години, вреден пет милиони евра. Од зимскиот преоден рок наваму Алиоски почна да се поврзува со враќање во Европа, како еден од најзериозните кандидати беше италијанска Верона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак, последните информации говорат дека Ал Ахли нема да преговара затоа што сака да го задржи Алиоски за следната сезона во која се најавува и дека Џани би можел да има поважна улога. Се шпекулира и дека може да му биде понуден нов договор.
Инаку, во меѓувреме по заминувањето на Алиоски од Лидс низ големи англиски фудбалски имиња и легенди на клубот од „Иланд Роу“ коментираа дека англискиот премиерлигаш погрешил што го пуштил Алиоски да замине.